Name | EURASHE_sem_PHE_Belgrade_090315_pres_APOSTOLOVA_mk.pdf |
---|---|
Size | 1.4 MB |
Downloads | 796 |
Year | 2015 |
Author(s) | Biljana Apostolova |
Abstract | Сведоци сме на брзиот развој на општеството во кое динамиката достигнува невидено темпо. Унапредувањето на севкупните процеси отсекогаш било голем предизвик за луѓето кои ги движат нештата. Новото време веќе одамна ги измести потребите и вредностите за знаење и од учење еднаш за цел живот и ги претвори во учење без прекин. Секое општество коешто се грижи за својата иднина мора да располага со соодветно образовани стручњаци од широкиот спектар на научната област. Во Европа се изразени тенденциите за унифицирање на содржините на факултетите со цел да се обезбеди поголема мобилност на студентите и наставниците, а исто така да се создаде поефикасен систем на школување. Доколку сакаме да се вклопиме во Европските и светските трендови на развојот на високошколското образование и доколку сакаме прогрес во сите области на општеството, неопходно е основање на високообразовни институции на кои би се образувале кадри кои ќе се стекнуваат не само со научно – теориски туку и практично – применливи знаења. Затоа, основањето на приватниот Универзитет МИТ Скопје беше со намера произлезена од потребите на европските и светските трендови, но и потребите на ова наше ново општество кое се стреми кон европските трендови. |
Categories | Modernising PHE within diversified HE » 2015 Seminar Regional |